• вторник, 24 декември 2024

Минатата година зголемен извозот од Албанија во Северна Македонија

Минатата година зголемен извозот од Албанија во Северна Македонија

Дебар, 5 јануари 2022 (МИА) - Во периодот јануари-ноември минатата година албанскиот извоз во Северна Македонија е поголем за 4,5 милијарди лека, споредено со истиот период претходната година, јави албанската државна агенција, АТА.

Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешната трговија, во периодот јануари-ноември во Северна Македонија се извезени стоки во вредност од околу 16 милијарди лека.

- Во текот на извештајниот период увозот од Северна Македонија во Албанија се зголемил за 2 милијарди лека. Увозот резултира со бројки од 14 милијарди лека, наспроти 12 милијарди колку што бил во тој период од 2021 година, наведува ИНСТАТ.

Најизвезувани и понатаму се свежите производи: домати, краставици, риба, јужно овошје, како и тестенини.

Албанија и Северна Македонија тесно соработуваат во рамки на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 и од 2011 година. Трговијата меѓу двете земји е либерализирана и функционира без царински давачки. вт/цр

Остани поврзан