• сабота, 23 ноември 2024

Мило Ѓукановиќ поднесе оставка на лидерското место во ДПС

Мило Ѓукановиќ поднесе оставка на лидерското место во ДПС

Подгорица, 5 април 2023 (МИА) - По поразот во неделата на претседателските избори во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска поднесе оставка од функцијата претседател на неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС).

РТЦГ вечерва соопшти дека в.д. претседател на партијата до конгресот ќе биде Данијел Живковиќ, актуелниот шеф на пратеничкиот клуб на ДПС во црногорскиот парламент.

Ѓукановиќ на чело на ДПС е од 1998 година. За време на неговото претседателствување со таа партија четири пати беше црногорски премиер и два мандата претседател на Црна Гора.

Тој во неделата беше убедливо поразен на претседателските избори од Јаков Милатовиќ, кандидатот на движењето „Европа сега“ кој освои 60 отсто од гласовите на гласачите.

Ѓукановиќ ќе остане на функцијата претседател на Црна Гора до 20 мај, кога ќе се одржи инаугурацијата на новиот претседател. сд/

Остани поврзан