• петок, 27 декември 2024

Милошоски: Прва меѓувладина конференција според европските правила е онаа на која што се усвојува преговарачката рамка

Милошоски: Прва меѓувладина конференција според европските правила е онаа на која што се усвојува преговарачката рамка
Скопје, 21 јули 2022 Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието во своето гостување во емисијата „Само интервју“ зборуваше за меѓувладината конференција која се одржа во Брисел и потенцираше дека Македонија всушност одржа прва фотосесија на проформа меѓувладина конференција каде што наместо да се отвори преговарачката рамка се дадоа насоки за отварање на Уставот и затоа во Македонија нема прослава, нема радување, туку има едно горко чувство. -Да бидам искрен прво според мене ова не е прва меѓувладина конференција, затоа што прва меѓувладина конференција според европските правила е онаа на која што се усвојува преговарачката рамка и таква меѓувладина конференција одржа Албанија, таква меѓувладина конференција во еден ден одржа Хрватска, Словенија, Бугарија, Романија кога почнуваа преговори за членство во ЕУ. Македонија одржа прва фотосесија на проформа меѓувладина конференција каде што наместо да се отвори преговарачката рамка се дадоа насоки за отварање на Уставот и затоа во Македонија нема прослава, нема радување, туку има едно горко чувство. И затоа и делегацијата од Брисел кога се врати ако ова беше историски момент за прослава, требаше да излезат на плоштад, претходно организираа ЕУ фестивали, кога им беше референдумот и слично, требаше сега да организираат како Влада и Ковачевски и Маричиќ и Бујар Османи, истакна Милошоски. Пратеникот Милошоски потенцираше дека доколку ова беше историски момент, народот тоа ќе го препознаеше. -Јас мислам дека самите присутни во Брисел знаат зошто нема прослава. Инаку кога има историски момент, народот знае сам да го препознае, кажа пратеникот. Во текот на своето гостување Милошоски се осврна на потпишувањето на Договорт за добрососедство и истакна дека од потпишувањето на Договорот за добрососедство Бугарија и Македонија имаат најлоши можни меѓусебни односи билателарни, спортски, културни, политички односи. -Од 2017 година до денес, од потпишувањето на Договорот за добрососедство Бугарија и Македонија имаат најлоши можни меѓусебни односи билателарни, спортски, културни, политички, секакви односи. Се гледа дека со потпис и уцени не се постигнува добрососедство, се постигнува со градење на доверба, додаде тој. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан