• сабота, 23 ноември 2024

Милошоски: Нова влада е подобра од било какви нови нефункционални комбинаторики

Милошоски: Нова влада е подобра од било какви нови нефункционални комбинаторики
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) -  Нова влада е подобра од какви било нови нефункционални комбинации, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. - Според мене, власта беше делегетимирана уште на локалните избори. Тоа беше јасно изразено. Гледаме дека сега власта е делегитимирана од стопанска гледна точка, сметам дека стопанските комори и вработените во приватните претпријатија, секој ќе ви каже дека справувањето со кризата, регионално гледано, во Македонија се врши на најнесоодветен можен начин и затоа сметам дека нова влада е подобра од какви било нови нефункционално комбинации, изјави Милошоски. По однос на можна широка коалиција, негово лично мислење е дека се помалку политички субјекти или пратеници имаат желба или, како што вели, „намера да влезат или да се качат во бродот што тоне“ и е управуван од премиерот Димитар Ковачевски, кој нема сериозен план за енергетската и економската криза која што секојдневно прави се поголеми штети. За стабилноста на парламентарното мнозинство, Милошоски потенцира дека примерот со пратеникот Кастриот Реџепи е најдобар показател дека во парламентарното мнозинство нема борба за европски вредности стандарди и реформи, туку има борба за поголемо влијание власт или за позиции.
-Тоа е примерот и на Катстриот Реџепи и на внатрешните превирања во ДУИ. Не би ги коментирал и сами нека одлучат како ќе завршат тие внатрешни превирања но очигледно е дека борбата за власт и за позиции е поважна од напорот власта да понуди некои реални решенија за подобро надминување на оваа криза, рече Милошоски. ев/са/

Остани поврзан