Милошоски: Владејачкото мнозинство ќе се обиде да наоѓа изговори како пратениците да не го добијат Договорот со „Бехтел и Енка“
- -Во Собранието денеска владеачкото мнозинство ќе се обиде на координација да наоѓа изговори како пратениците да не го добијат коруптивниот Договор за прескапите автопати и на која Комисија би требало да се разгледува. Иако за втората тема нема дилеми, Комисијата за транспорт е надлежното работно тело кое разгледува материјали за изградба на инвестициони објекти во транспортот и патниот сообраќај. Секоја друга импровизација ќе биде само уште еден обид овој Договор да се држи во тајност, вели Милошоски.
Скопје, 2 мај 2023 (МИА) - Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска преку објава на својот Фејсбук профил посочува дека владеачкото мнозинство денеска во Собранието, како што пишува, ќе се обиде на координација да наоѓа изговори како пратениците да не го добијат Договорот со „Бехтел и Енка“.
-Во Собранието денеска владејачкото мнозинство ќе се обиде на координација да наоѓа изговори како пратениците да не го добијат коруптивниот Договор за прескапите автопати и на која Комисија би требало да се разгледува. Иако за втората тема нема дилеми, Комисијата за транспорт е надлежното работно тело кое разгледува материјали за изградба на инвестициски објекти во транспортот и патниот сообраќај. Секоја друга импровизација ќе биде само уште еден обид овој Договор да се држи во тајност, вели Милошоски.
Тој ги објави и надлежностите што ги извршува собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, според него, оваа комисија е надлежното работно тело кое разгледува материјали за изградба на инвестициони објекти во транспортот и патниот сообраќај
-Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за: - патниот, железничкиот, речниот, езерскиот, воздушниот, поштенско-телеграфскиот, телефонскиот и радиосообраќајот; -жичарите и ски-лифтовите; -системите на телекомуникации и радиодифузниот систем;
изградбата на инвестиционите објекти во областа на траспортот и телекомуникациите; -просторното и урбанистичкото планирање; -уредувањето на градежното земјиште;
станбеното и комуналното стопанисување; заштитата и унапредувањето на животната средина, природата, воздухот, земјата и водите од загадување; - обезбедување услови за здрава животна средина;- спречување на штетната бучава; - заштитата од јонизирачко зрачење и други штетни дејства по животот и здравјето на луѓето и посебните мерки на сигурност при употреба на нуклеарна енергија, - воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на транспортот, врските, урбанизмот и екологијата и
други прашања што се однесуваат на транспортот, врските, урбанизмот и екологијата, напиша Милошоски.фф/лв/