• сабота, 23 ноември 2024

Миловиќ: Турскиот државјанин Бинали Чамгоз нема да биде екстрадиран во Турција

Миловиќ: Турскиот државјанин Бинали Чамгоз нема да биде екстрадиран во Турција

Подгорица, 31 јануари 2024 (МИА) - Турскиот државјанин Бинали Чамгоз не може да биде екстрадиран во Турција, изјави денеска министерот за правда на Црна Гора, Андреј Миловиќ.

Тој изјави дека оваа одлука не може да се менува и дека е ставена ад акта.

По апсењето, Чамгоз под силни безбедносни мерки е однесен на распит во обвинителството.

Тој се товари за кривично дело убедување за потврдување на невистинита содржина и му е одредена мерка притвор до 72 часа.

Турција побара негова екстрадиција поради кривична постапка за повеќе кривични дела, вклучително и создавање криминална организација и обид за убиство, а Високиот суд донесе одлука во април 2023 година со која се утврди дека се исполнети законските услови за негова екстрадиција.

Миловиќ тврди дека одлуката е донесена во согласност со законот, Уставот и меѓународните конвенции.

-Станува збор за лице за кое медицинскиот експерт јасно кажал што значи за него да се биде во турски затвор. Тој случај за мене е ад акта. Тој не може да биде екстрадиран во Турција бидејќи веќе сум донесе одлука и тој предлог е ад акта, рече Миловиќ.

На 6 јули 2022 година, Чамгоз беше уапсен во Подгорица, а полициската управа тогаш објави дека има фалсификуван пасош со име Мехмет Али Бајхан.

Заедно со него беа приведени уште пет турски државјани. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан