• вторник, 24 декември 2024

Мили: Украинците се подготвени за продолжување на борбата против руската инвазија

Мили: Украинците се подготвени за продолжување на борбата против руската инвазија

Вашингтон, 7 јуни 2023 (МИА) - Началникот на Здружениот Генералштаб на американската армија генерал Марк Мили изјави дека Украина е добро подготвена да ја продолжи битката против руската инвазија.

За време на комеморацијата на годишнината од сојузничката инвазија на американските гробишта во Нормандија, Франција, Мили, исто така, предупреди дека војната ќе биде „долга“.

Тој изјави дека останува самата Украина да соопшти дали и официјално е почната нејзината контраофанзива, но кажа дека украинските трупи се подготвени да се борат, пренесе Гардијан.

-Нашата проценка е дека украинската армија е добро подготвена за што и да прави. Тие избираат да се борат офанзивно или дефанзивно, тие се добро подготвени, рече Мили.

Според него, како што одминува времето, борбите ќе варираат.

-Како и битката за Нормандија или која било друга голема битка, војувањето е давање и земање. Ќе има денови кога ќе видите многу активност и ќе има денови кога може да видите многу малку активност. Ќе има офанзивни и одбранбени активности. Значи, ова ќе биде напред-назад во долг временски период, истакна Мили. сд/

фото: архива

Остани поврзан