• сабота, 23 ноември 2024

Милик одби да се пресели во Рома

Милик одби да се пресели во Рома
Неапол, 15 септември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик нема да се пресели во Рома. Полскиот фудбалер го одби трансферот. Римјаните му понудија петгодишен договор со плата од 5 милиони евра годишно (повеќе отколку што заработува во Наполи). Причините за одбивањето не беа прецизирани. Така, поради ова, се спречува евентуалното заминување на напаѓачот Един Џеко (во размената со Јувентус со учество на Матија Де Шиљо), кого Рома сакаше да го замени со Милик. Сепак, постои можност зделката да се случи доколку Полјакот се премисли. зс/

Остани поврзан