• сабота, 23 ноември 2024

Милик на позајмица во Марсеј

Милик на позајмица во Марсеј
Марсеј, 22 јануари 2021 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик се пресели во Марсеј на позајмица. На лето, францускиот клуб ќе има обврска да го купи 26-годишниот Полјак за осум милиони евра. Исто така, наполитанците можат да добијат уште четири милиони долари бонуси. Милик нема ниту еден настап за Наполи оваа сезона и не беше вклучен во составот. Полскиот фудбалер е најавено како големо засилување за поранешниот француски шампион. зс/

Остани поврзан