Милер верува во победата на Германија на ЕУРО 2024
- Германскиот фудбалер Томас Милер верува во победа на неговата репрезентација на домашен терен на Европското првенство 2024.
Берлин, 18 јануари 2024 (МИА) – Германскиот фудбалер Томас Милер верува во победа на неговата репрезентација на домашен терен на Европското првенство 2024.
- Останувам уверен дека сме способни да го освоиме еврото. Како што е кажано, сите вклучени во германскиот фудбал, а особено ние играчите, мора да ја намалиме ароганцијата. Нема сомнеж дека можеме да ги победиме Австрија или Јапонија. Но, треба да сфатите дека овие победи нема да дојдат сами по себе. Го изгубивме чувството дека дури и Германија мора да дава се од себе во секоја епизода на теренот“, изјави германскиот напаѓач.
Германија на Европското првенство ќе игра во група со Шкотска, Унгарија и Швајцарија.
ЕУРО 2024 ќе се игра од 14 јуни до 14 јули. зс/
Фото: ЕПА