• понеделник, 23 декември 2024

Милевски: Баражот дополнителна мотивација

Милевски: Баражот дополнителна мотивација

Скопје, 13 ноември 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржа завршниот тренинг на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на која утре против Исланд го игра завршниот натпревар во мундијалските квалификации.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски влегуваат во утрешниот натпревар како второпласирани во квалификациската група Ј и со триумф над Исланд за прв пат во историјата ќе обезбедат место во баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Селекторот Милевски посочи дека шансата за место во баражот само дополнителни ги мотовира репрезентативците и ги повика навивачите во што поголем број да им дадат утревечер поддршка на „црвено – жолтите“.

– Овој натпревар против Исланд за нас е последен во квалификациите и секако зависи околу остварувањето на целите. Но, се подготвуваме како за сите претходни натпревари, кои исто така беа важни. Оваа шанса што е пред нас да се најдеме во баражот не ни носи притисок, туку само дополнително ги мотивира играчите. Со „ладни глави“, но и жешки срца се надеваме дека со триумф ќе ги израдуваме навивачите кои посакувам да ги има на трибините во што поголем број, изјави Милевски.

Натпреварот започнува од 18 часот, а ФФМ за навивачите ги отвори сите четири трибини на скопската Арена. ег/ки/

Остани поврзан