Милвоки петти пат по ред ја освојува Централната дивизија на НБА
- Екипата на Милвоки бакс го обезбеди првото место во Централната дивизија на НБА-лигата.

Милвоки, 29 март 2023 (МИА) - Екипата на Милвоки бакс го обезбеди првото место во Централната дивизија на НБА-лигата.
Тимот предводен од Јанис Адетокунбо петти пат во низа ја освојуваат дивизијата.
Милвоки го има најдобриот биланс во НБА-лигата со 54 победи и 21 пораз и е лидер во Источната конференција.
Од Истокот учество во плејофот досега обезбедија и екипите на Бостон селтикс, Филаделфија 76 и Кливленд кавалирс.
На Западот досега место во разигрувањето за шампионскиот трофеј си обезбедија Денвер нагетс и Мемфис гризлис. зс/
Фото: ЕПА