• петок, 21 февруари 2025

Милан и Мењан ќе потпишат нов договор

Милан и Мењан ќе потпишат нов договор

Милано, 16 декември 2025 (МИА) - Милан и голманот на тимот Мајк Мењан се договориле за нов договор, пренесе новинарот Матео Морето. Актуелниот договор истекува за година и пол, но ќе биде обновен до 2028 година со опција за уште една сезона. Годишната плата на францускиот репрезентативец ќе се зголеми на 5 милиони евра плус бонуси.

Мењан веќе дал согласност за новиот договор, а се очекува во наредните недели да има нова средба меѓу двете страни на која ќе биде ратификуван договорот и ќе бидат потпишани сите документи. 29-годишниот голман пристигна во Милано летото 2021 година и веднаш стана редовен стартер на „росонерите“, за кои има вкупно 146 меча со 150 примени голови и 55 чисти мрежи, а од неодамна ја носи и капитенската лента на тимот.

Пред синоќешната победа над Верона од 1:0, менаџерот на клубот Златан Ибрахимовиќ потврди дека се водат преговори за нови договори со Мењан и со левиот бек Тео Ернандез, нагласувајќи дека и двајцата се чувствуваат среќни во Милан. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан