• среда, 27 ноември 2024

Милан има 37 бода по 15 одиграни натпревари во Серија А, ова е клупски рекорд во ерата на три бода

Милан има 37 бода по 15 одиграни натпревари во Серија А, ова е клупски рекорд во ерата на три бода
Милано, 3 јануари 2021 (МИА) – Милан го победи Беневенто со 2:0 вечерва на гостински терен во 15. коло од Серија А и постави клупски рекорд. Екипата на Стефано Пиоли има 37 поени по 15 натпревари, најмногу во ерата кога три бода се доделуваат за победа (од 1994 година). Милан нема пораз во италијанскиот шампионат 27 последователни кола, имајќи ја предвид и минатата сезона. На следниот натпревар, „росоњерите“ ќе се соочат со Јувентус на 6 јануари. зс/

Остани поврзан