Микробиолошки неисправна водата од каптажата на изворот Студенчица
- Институтот за јавно здравје информира дека примерокот на вода за пиење земена од мерно место каптиран извор Студенчица, сирова нехлорирана е микробиолошки неисправна заради наод на колиформни
Кичево, 9 февруари 2021 (МИА) - Институтот за јавно здравје информира дека примерокот на вода за пиење земена од мерно место каптиран извор Студенчица, сирова нехлорирана е микробиолошки неисправна заради наод на колиформни бактерии и на Psevdomonas deruginosa. Во однос на останатите анализи, паразитолошка, физичко-хемиска и анализа на резидуи на пестициди, одговара на законските норми.
Од РЦУК - Кичево истакнуваат дека водата за пиење иако бактериолошки е неисправна на каптажата од изворот Студенчица, сепак, сите градови и поголеми населени места поседуваат станици каде што се хлорира водата и по овој процес водата е целосно бактериолошки исправна и може да се користи како за пиење така и за готвење.
Од изворот Студенчица со вода за пиење се снабдуваат околу 160.000 жители од југозападниот дел од земјава, како и РЕК „Осломеј“. за/мд/