• сабота, 23 ноември 2024

Мигранти плаќале по 18.000 евра за превоз преку Ла Манш

Мигранти плаќале по 18.000 евра за превоз преку Ла Манш

Брисел, 26 април 2024 (МИА) - Виетнамска криминална мрежа е пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол. Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација, како и перење пари.

Главниот организатор, идентификуван како „десна рака на водачот на оваа банда“, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку Каналот, соопшти Европол.

На пат од Полска кон Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.

Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки. паг/

Фото: ЕПА



Остани поврзан