МИА Најави – свет
- Белград – Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар во посета на Србија. Брисел – Почнува дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО

15 јуни 2023
Белград – Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар во посета на Србија.
Брисел – Почнува дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО.
Мадрид – Премиерот Педро Санчез ќе ги презентира приоритетите на шпанското претседавање со Советот на Европска Унија.
Брисел – ЕУ е домаќин на Седмата бриселска конференција за иднината на Сирија и регионот.
Луксембург – Почнува дводневниот состанок на министрите за финансии на ЕУ.
Берн – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски преку видео ќе им се обрати на швајцарските пратеници.
Париз – ОЕЦД ќе го објави извештајот за интеграција на имигрантите.
Брисел – Гласање во Комитетот за животна средина на ЕП за Зелениот договор на ЕУ.
Њујорк – Прес-конференција на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за климата.
Мексико Сити – Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во посета на Мексико.