• вторник, 26 ноември 2024

МИА Најави – свет

МИА Најави – свет

27 Јануари 2024

- Светски ден на сеќавање на Холокаустот

Аушвиц – Свеченост по повод 79-годишнината од ослободувањето на затворениците од нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау во Полска.

Рим, Мадрид – Собири за солидарност со палестинскиот народ.

Лисабон – Демонстрации за правото на домување и против растот на цените на недвижностите.

Берлин – Прв конгрес на новата германска левица – „Алијанса Сара Вагенкнехт“

Најроби – Марш против фемицид.

Виентиане – Во Лаос почнува состанокот на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН), кој ќе трае до 29 јануари.

Венеција – Почнува карневалот во Венеција кој ќе трае до 7 февруари.

Скопје – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во посета на Република Северна Македонија, каде што ќе присуствува на Светосавската академија во Скопје.

Остани поврзан