
10 март 2023
Вашингтон - Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе ја прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Париз - Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го прими британскиот премиер Риши Сунак.
Брисел - Штрајк на вработените во јавните служби во Белгија на повик на синдикатот.
Приштина - Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак ја продолжува посетата на Косово, каде со официјални претставници и претставниците на опозицијата разговара за подготовките за средбата меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид.