МИА најави - свет
- 5 октомври 2025
5 октомври 2025
Тел Авив - Комеморација за жртвите од нападот на палестинското движење Хамас врз учесниците на фестивалот Нова на југот на Израел на 7 октомври 2023 година, што беше причина за израелската војна во Појасот Газа.
Париз - Марш за ослободување на заложниците што палестинското движење Хамас ги држи во Појасот Газа две години.
Амстердам/Рабат - Митинзи во поддршка на Палестинците во Појасот Газа.
Брисел - Марш за климата.
Дамаск - Парламентарни избори во Сирија.
Манчестер – Започнува Конгрес на опозициската Британска конзервативна партија (ториевци) и ќе трае до 8 октомври.
Белград - 25 години од падот на владата на Слободан Милошевиќ.