
15 април 2024
Стразбур – Почнува пролетната седница на Парламентарното собрабние на Советот на Европа и ќе трае до 19 април.
Вашингтон – Пролетна сесија на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, до 20 април.
Брисел - Почнува дводневната неформална средба на министрите за енергетика на Европска Уунија.
Париз - Меѓународна хуманитарна конференција за собирање помош за Судан.
Вашингтон - Американскиот претседател Џо Бајден на одделни средби ќе ги прими ирачкиот премиер Мохамед Чиа ал Судани и чешкиот премиер Петар Фијала.
Њујорк – Почнува судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводни тајни плаќања на поранешната ѕвезда на порно филмови Сторми Даниелс.
Рио де Жанеиро – Почнува Веб-самит 2024 година, што ќе трае до 18 април.