• петок, 05 декември 2025

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

31 август 2025 

 

Пекинг - Рускиот претседател Владимир Путин ја започнува четиридневната посета на Кина по повод самитот на Шангајската организација за соработка и воената парада по повод 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна.

Тјенџин - Започнува дводневниот самит на Шангајската организација за соработка.

Варшава - Посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Полска.

Минск - Почнуваат воените вежби на алијансата ОДКБ предводена од Русија, кои ќе траат до 6 септември.

Барселона - Уште една хуманитарна флотила испловува од Шпанија, чија цел е пробивање на израелската поморска блокада на Појасот Газа.

 

Остани поврзан