МИА Најави - Свет
- 27 Февруари 2024
27 Февруари 2024
БРИСЕЛ - Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, закажа средба со претставниците на Србија и Косово во врска со одлуката на Централната банка на Косово да ја укине употребата на динарот. Најавено е учество на претставници на Централната банка на Косово и шефот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Петар Петковиќ.
ВАРШАВА - Протест на полските земјоделци
ПРАГА – Средба на премиерите на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.
ЊУЈОРК - Состанок на Советот за безбедност на ОН за Сирија.
ПОДГОРИЦА - Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји во посета на Црна Гора.