МИА Најави - свет
- Хаг – Меѓународниот суд на правдата ќе ја соопшти одлуката за барањето од тужбата за геноцид што Јужна Африка ја поднесе против Израел.

26 Јануари 2024
Хаг – Меѓународниот суд на правдата ќе ја соопшти одлуката за барањето од тужбата за геноцид што Јужна Африка ја поднесе против Израел.
Брисел – Средба на премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Виена – Протест против расизмот и екстремната десница.
Анкара – Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон во посета на Турција.
Москва – Неделна прес-конференција на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Њу Делхи – Францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде почесен гостин на Националниот ден на Индија.
Џуба – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во посета на Јужен Судан.