• петок, 05 декември 2025

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

4 ноември 2025

Брисел - Европската комисија ќе го објави извештајот за напредокот на земјава во процесот на пристапување во ЕУ. (Прес-конференција на еврокомесарката за проширување Марта Кос- https://audiovisual.ec.europa.eu/en/ebs/grid?ebs=yes&ebsplus=yes&date=20251104/14:15)

Скопје - Презентација на извештајот на Европската комисија за напредок на Република Северна Македонија. (Собрание, сала на Уставна комисија/16:15)

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи неформална средба со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности. (Сала „Длаборез“/11:30)

Скопје - Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/9:00-12:00)

Скопје - Министерот за здравство Азир Алиу ќе ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод воведување нова процедура. (Амфитеатар на Клиниката/10:00) 

Скопје - Прес-конференција на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ), Нина Ангеловска Станков, во пресрет на 8-та Регионална конференција за е-трговија. (фоаје на Национална опера и балет/8:45)

Струга - Одбележување на 60-годишнината од првото пуштање во работа на Хидроелектраната „Глобочица” во организација на  АД ЕСМ Подружница ХЕС „Црн Дрим“- Струга. (х.„Дрим“/12:00)

Скопје - Одбележување на доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2025 година, во организација на Економскиот факултет-Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (Економски факултет-Скопје, амфитеатар 2/10:00)

Скопје - Трета Лабораторија за истражување и развој, организирана од проектот INITATE финансиран од програмата Horizon Europe на ЕУ и INNOFEIT – Европски дигитален иновациски хаб. (ИНОФЕИТ, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“/10:30 – 14:30)

Скопје - Шеста македонско-германска конференција на тема „Нови техники и концепти за понатамошен развој на перформансите во контролата и во областа на финансиските директори“. (Хајделберг Факултет, ул. „Коста Новаковиќ“ бр.16/10:00)

Битола - Свечена академија на Општина Битола по повод 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола. (Народен театар/20:00)

Битола - Balkan News Truck патувачка платформа што ја спроведува CFI – Француската Агенција за развој на медиуми во партнерство со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, а со поддршка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, во рамките на проектот Shared Horizons. (Широк Сокак, спроти кафе-бар Јагода)

Скопје - Мастер-клас со Мариуш Шчигел, на тема „Зошто и како пишуваме? За книжевната репортажа во Полска“. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, сала за седници/10:00)

-Во рамки на програмата „Полска книжевна репортажа“, ќе се одржи авторска средба и промоција на книгите:„Калта послатка од медот. Гласовите на комунистичка Албанија“ од Марго Рејмер и „Сите деца на Луи“ од Камил Балук во превод на македонски јазик во издание на „Славика либрис“ од Скопје. ( во Бистро Театар Комедија/ 19:00)

Скопје - Комеморација со откривање на спомен-биста на Илија Димовски - Гоче, командант на Првата македонско-егејска ударна бригада на Народно-ослободителната војска на Македонија. (Алеја на великаните на градските гробишта Бутел/11:00)

Скопје - Прес-изјава на Независниот синдикат на Паркови и зеленило. (Раскрсница на бул. „Илинденска“/10:30)

Скопје - Промоција на книгата збирка поезија „Слово на душа“ на Сафет Камбер. (ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ галерија „КО-РА“ - голем салон/19:00)

Битола - Изложба „Битолска меморија“, посветена на архитектонските приказни на градот. (Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“/12:00)

Скопје - Отворање на изложбата на Лудовико Елиа Першич и Ана Трајковска насловена „ Идентитески паралели“. (КИЦ, изложбен салон Империјал 2/20:00)

Скопје - Амбасадата на Јапонија ќе го прослови „Денот на културата“ со концерт на јапонска минјо музика. (Музеј на македонската борба за независност /19:00) 

Истанбул -  Концерт на Македонскиот брас квартет (Macedonian Brass Quartet). (Простории на Македонскиот културен центар/19:00)

Скопје - Концерт на Дуо Лазар Соколов, саксофон и Емилија Кабранова Филипова, пијано. (КИЦ–Скопје, салон 19:19/19:19) 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан