• среда, 04 февруари 2026
МИА Најави МКД

4 февруари 2026

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Делегација на Собранието, предводена од Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието, во состав Сергеј Попов, Даниела Белимова и Сања Лукаревска, по повод 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев,  ќе положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. (10:45)

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски по повод одбележување на 4 Февруари - денот на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ќе положи свежо цвеќе во црквата „Свети Спас“ во Скопје. (По настанот изјави за медиуми /11:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на настанот на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво по повод потпишувањето на договорот за проектот „Грантова шема за поддршка на претпријатијата за зелено работење“ (Greening Business Facility – GBF). (х. „Хилтон“ /12:00)

А Коруња - Министерот за одбрана Владо Мисајловски, на покана на министерката за одбрана на Кралството Шпанија, Маргарита Роблес Фернандес, ќе присуствува на отворањето на третиот по ред глобален меѓународен Самит за вештачка интелигенција во областа на одбраната - REAIM. 

Скопје – Седница на Уставниот суд. (Уставен суд/9:30)

Скопје - Трилатерална конференција „EMPOWERED: Вклучување на лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан“ во организација на Здружението Институт за развој на заедницата, во партнерство со Преда Плус Фондација и АДРФ (Albanian Disability Rights Foundation). (х.„Холидеј ин“/12:00, регистрација и изјави за медиумите/11:30-12:00)

Скопје - Western Balkans Circular Economy Hub организира online состанок за циркуларноста во градежништвото. (10:00,  регистрација на линк: https://lnkd.in/d_DGGUsF

Битола - Општина Битола организира работилница за изработка на физибилити студијата за изградба на гондола на Пелистер. (Општина Битола/12:00)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на Занаетчиската комора Скопје, Горан Ристовски. (Дом за занаетчии ул.„Битпазарска“ бр. 12, Стара Скопска Чаршија/11:00)

___________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан