• петок, 05 декември 2025
МИА најави МКД

22 септември 2025 

Њујорк - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со обраќање на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција на жените, што се одржува во рамки на 80. Сесија на Генералното собрание на ОН, ќе ја започне работната посета на САД.

Скопје - Работна средба на премиерот Христијан Мицкоски со Мохамед Али Рашед Лута, претседател и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи. (Свечена сала во Влада/10:00)

Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе присуствува и ќе се обрати на Ретренинг конференција на европскиот огранок од Асоцијацијата на националната Академија на Сојузното биро за истраги (ФБИ) која од 20 до 24 септември се одржува во Скопје. (х. „Холидеј Ин“/9:00, медиумите да дојдат до 8:45)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити заедно со раководството на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) ќе го посетат Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде привршуваат активностите за реконструкција и адаптација на простории кои ќе ги користат учениците од основното училиште со ресурсен центар „Иднина“. (12:00)

Штип - Промоција на книгата „Оновни принципи во конзервацијата и реставрацијата на недвижното културно наследство“ од проф. д-р Трајче Нацев. (Во зградата на Правен факултет (стар ректорат) на УГД/12:00)

Скопје – Свеченост по повод 15 години од постоењето на Мед-Х Дијагностика - еден од водечките радиодијагностички центри во нашата земја. (Park by Ragusa Group/18:30; интервју-зона за медиумите/19:00)

Скопје - Манифестација „Движи се за здравје“ во организација на  Детски културен центар – Карпош. (Фонтана Лотус/10:00)

Битола - Работилница - Јадранска мрежа на „Браќа Манаки“, следна генерација. (Центар за култура, мала сала/11:00)

Скопје - Прес-конференција по повод проектот „Нашата мала библиотека“ на „Прозарт медиа“ и средба со издавачи-учесници на програмата „Скопје фелоушип“ 2025. (Europe House Скопје/11:00)

Мостар - Театарот за деца и младинци – Скопје ќе ја изведе наградуваната куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ во рамките на петтиот Меѓународен фестивал на куклена уметност во Мостар - ФЛУМ 2025. (Куклен театар во Мостар/19:30) 

Скопје – Прес-конференција по повод првото меѓународно рели од премиум ранг „Бахус класик“. (х. „Хилтон“/12:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан