МИА Најави МКД
24 март 2024
Кичево - Отворен ден на Армијата по повод одбележување на 75 години од формирањето на НАТО и четири години од нашето членство во Алијансата. (Градски плоштад, покрај Домот на Културата во Кичево/11:00 до 15:00 часот)
Скопје - Државната изборна комисија ќе ја одржи 89. јавна седница (Сала за состанови на ДИК/11:00/Линк: https://www.youtube.com/@secmk499/streams)
Скопје - ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата со која ќе настапи на парламентарните избори 2024, насловена „Платформа #1198“. (Холидеј ин/12:30/настаните ќе се емитуваат на youtube каналот на ВМРО-ДПМНЕ и facebook профилот на Христијан Мицкоски)
Пред почеток на настанот ќе се одржат пет програмски дебати:
- Првата програмска дебата на тема „Патоказ кон иднината – Зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката“. (12:30)
- Втората програмска дебата на тема „Дипломатски хоризонти – Реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија посветена на ЕУ“. (13:30)
- Третата програмска дебата на тема „Искористување на потенцијалот – Образование, култура, туризам и спорт за развој на државата“. (14:30)
- Четвртата програмска дебата на тема „Нови стратегии за здравство и социјална политика – за поправедно општество“. (15:30)
- Петтата програмска дебата на тема „Просперитетни заедници: Земјоделство, локална самоуправа и управување со животната средина“. (16:30)
- Свое обраќање пред присутните ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. (18:00)
Скопје – Движењето ЗНАМ (За наша Македонија) ќе одржи Конвенција на која ќе ги претстави носителите на листите за следните парламентарни избори во сите шест изборни единици (Спортско Рекреативен Центар Кале/13:00)
Скопје - Нова социјалдемократска партија – НСДП ќе го одржи 6. Конгрес (Хотел Хилтон/13:00)
Скопје - Прес-конференција на Достоинство. (Пред „Споменикот на Бранителите" во „Жена Парк"/12:00)
Крушево - Прес -конференција на Синдикатот на полиција во Македонија. (Пред зградата на ПС ОН Крушево, ОВР КРУШЕВО/11:30)
Скопје – 25. Шри Чинмој маратон (Градски парк/8:30 часот)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***