МИА Најави - МКД
- 27 март 2025

27 март 2025
Охрид - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пречек на туристи од првиот лет на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул на аеродромот „Свети Апостол Павле“- Охрид. (14:30, пристигнување на медиуми / 14:00, предвидена изјава за медиуми)
Скопје - По повод петгодишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе одржи работна средба со амбасадорите на земјите-членки и партнери на Алијансата. Средбата. (Клуб на пратеници / 11:00)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Георгиевски ќе го посетат основното училиште „Партенија Зографски“. (12:00)
Тетово - Средба на градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами со претставниците на медиумите. (Општина Тетово / 11:00)
Скопје - Потпишување меморандум за соработка меѓу АТС ГРУП, македонска компанија од одбранбената индустрија и МКЕ, најголемата државна компанија од одбранбената индустрија на Република Турција. (Клуб на пратеници / 16:00)
Скопје - Полиграф Центар организира конференција на тема „Современи безбедносни системи за проверка на интегритет на вработени“. (хотел „Мериот“ / 10:00 – 16:00, изјави за медиуми/ 9:30)
Скопје - Институтот за комуникациски студии организира научен собир на тема „Наративна стапица: откривање на штетни(те) наративи кај политичарите и медиумите“. (хотел „Хилтон“ / 11:30)
Скопје - Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира панел дискусија по изнесените предлог измени на Законот за медиуми со акцент на онлајн медиумите на која претставници на медиумите, здруженија, вработените во медиумите и сите инволвирани во медиумската индустрија ќе ги презентираат своите ставови. ( Europe House / 11:00 - 13:00)
Штип - Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одбележува својот патронен празник и јубилејот „18 години УГД“ . (Сала на Сенатот во Ректорат на УГД / 10:00)
Скопје - Прогласување на лауреатите на Струшките вечери на поезијата за 2025 година. (амфитеатар на Македонската академија на науки и уметности / 11:00)
Скопје - „Без зборови“ - хуманитарен концерт на Македонската филхармонија. (Филхармонија / 20:00)
Скопје - Драмски театар со хуманитарна изложба ќе го одбележи Светскиот ден на театарот. (Фоаје на Драмски театар / 19:00)
Скопје - Изложба по повод 55 години творештво на Таки Павловски. (Музеј на Град Скопјe / 12:30)
Скопје - Хуманитарна изведба на претставата „Гласови“ од театар „Чекори“ на Светскиот ден на театарот. (Дом на култура „Димитар Влахов“ во Автокоманда / 20:00)
Софија - Концерт „Балканско патување“ на Пламенка Трајковска, Милена Гиевска Андоновска, Љубица Бошкоска и Александра Јаневска во Софија. (Културно-информативниот центар на РСМ во Софија / 18:30)
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***