• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

12 ноември 2025

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија. (Собрание, Стар кабинет/14:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со потпретседателот на Европската инвестициска банка, Роберт Де Грот. (Влада/10:00) По средбата следува потпишување на договор за соработка, по што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе одржи заедничка прес-конференција со потпретседателот на Европската инвестициска банка Де Грот.

Скопје - Министерот за култура и туризам  Зоран Љутков и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт  Александар Николоски  ќе се обратат на првиот панел во рамки на  конференцијата „Е-75-Основа за развој на креативен туризам и негова одржливост“, која е дел од  Фестивалот за развој на креативните економи „Недела на дизајн-Скопје 2025“. (Центар за дизајн и иновации - Јавна соба/10:00)

Каиро - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.

Скопје - Заменик министерот за локална самоуправа Ерџан Селими, раководителката на Тимот за координација на граѓански организации и медиуми во Западен Балкан и Турција, Симела Цакири и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан ќе се обратат на Првата регионална конференција на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 3 (ReLOaD3). (х.„Холидеј ин“/9:00)

Белград - Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ во посета на Република Србија - учество на конференцијата „Western Balkans 2030“ и средба со потпретседателката и министерка Месаровиќ. (По завршување на средбата предвидени се изјави за медиумите)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 25-та седница. (ДИК/14:00, https://zoom.us/j/93988647780?pwd=FoBL3yhSaU0nb8jur2N1onaBAVVx6M.1)

Скопје - Трета конференција на МАРЕС, посветена на темата „Структурирање на иднината на обновливата енергија“. (х.„Лимак“/9:00, регистрација  од 8:30-9:00, предвидени се изјави за медиумите)

Скопје - Отворање на  X меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“, во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. (Амфитеатар на Институтот/10:00) 

Скопје - Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе даде изјава по повод започнување на изградба на нов мега парк во Општина Бутел. (12:00 Локација: https://maps.app.goo.gl/8HfrfNkcMUKXVF3XA )

Скопје - Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова и државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска ќе присуствуваат на настанот по повод започнувањето на проектот „Фискална едукација“. (ООУ „Браќа Миладиновци“/9:00)

Скопје - Работилница „Креирање зелени работни места во Северна Македонија“ во организација на Австриското министерство за работа, социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите и Австриската амбасада во Скопје. (Europe House/9:15)

Велес/Тетово/Битола/Охрид - Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ќе одржи информативни сесии за Повик за финансиска поддршка на акции за зелена трансформација во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“. (Europe House -Велес, 8 Септември 86/10:00, Europe House-Тетово, Маршал Тито бб, Центар за култура „Иљо Антески – Смок“/10:00, Europe House-Битола, Широк Сокак 147/14:00, Младински Центар Охрид, Кленоец 1 Поранешна касарна – Генерал Михајло Апостолски/14:00) 

Скопје - Настан на тема „Менаџмент, Здравје и Убавина“ во организација на Strategic Consulting, во соработка со EZRA - Здружение за борба против рак на дојка и Evolution by GUAM. (Ragusa 360/16:30)

Скопје - Свечено доделување на наградите „13 Ноември“ за 2025 година во организација на Сојузот на спортови на Скопје. (СЦ „Јане Сандански“, конференциска сала/12:00)

Скопје - Македонскиот народен театар ќе одржи прес-конференција по повод премиерата на претставата „Варвари“ од авторот Максим Горки. (МНТ, фоаје/11:00)

Скопје - Изложба на делата создадени во рамките на 35. и 36. издание на меѓународната Ликовна колонија „Галичник“. (Национална галерија - Мала станица/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Имагинарен пејзаж“ на Весна Радишиќ. (Галерија „КО-РА“ - Мал салон/19:30)

Скопје - „Заедно“ изложба на  Ивона Петрова. (КИЦ, Изложбен салон Империјал 1/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата ,,Плацебо'' на авторот Иван Аџиевски. (КСП Центар - Јадро/19:30)

Скопје - Отворање на изложбата и промоција на монографијата Македонија во 1900 година. (Ликовен салон на МАНУ/12:00)

Будимпешта - Концерт на Националниот џез оркестар во ELTE Aula Magna Hall.

Истанбул - Концерт на Квартет „Полиҳимнија“. (КИЦ Истанбул/19:00)

Скопје - Концерт на Квартет Пелагонија „Културна фузија“. (Салон 19:19/19:19)

 

________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан