МИА најави МКД
- 27 септември 2025
27 септември 2025
Крушево - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по повод одбележувањето на 27 Септември - Светскиот ден на туризмот, ќе се обрати на трибина на тема „Одржлива трансформација во туризмот“. (х.„Панорама“ / 10:00)
Штип - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се обрати на настан на кој ќе присуствуваат сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. (Дом на култура ,,Ацо Шопов“ / 12:00)
Скопје - Претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе се обрати на регионалната конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“ во организација на Прогрес Институт и со поддршка на „Olof Palme International Center“. (х.„Хилтон“/10:00, изјави за медиуми / 12:00)
Скопје - Презентација на програмата на кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова, како и на советничката листа за Град Скопје на СДСМ и коалицијата. (Музеј на Град Скопје/12:30)
Тетово - Кандидатите за градоначалник на Општина Тетово ќе го потпишат Кодексот за коректни и демократски избори. (Општина Тетово, мала сала/10:00)
Скопје - Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, ќе ја отвори изложбата „ЦЕРН и универзумот: Науката што нè поврзува“. (Дајмонд Мол / 19:00)
Струга - „ЕдуКонференција25“. (х.„Дрим“)
Струмица - 15. издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“. (НУ Завод за заштита на спомениците од културата и Музеј / 19:30)
Штип - Втор симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтот како алка помеѓу традиционалната и иновативната терапија“ во организација на Oдделот за Фармација при Факултетот за медицински науки на Универзитетот „Гоце Делчев“. (Мултимедијалниот центар на УГД,Економски факултет 9:30, изјави за медиумите / 11:00)
Пробиштип - Свечена церемонија и откривање на спомен биста на Тоше Тодоровски, трагично загинат во дискотеката ,,Пулс“ во Кочани. (Круг на полициската станица Пробиштип / 10:00)
Битола - Промоција на збирката есеи „Суспендирана итност“ (2025, Илика) од Ивана Хаџиевска. (Културен центар „Магаза“ / 18:00)
Виница - Отворање на изложбата „Анатомија на прогресот“ на Миливој Симеонов. (Дом на културата „Тошо Арсов“ / 20:00)
Скопје - Маалски фестивал во Дебар Маало. (Сала на СКЦ ЈАДРО / 19:00)
Скопје - Концерт на heavenphetamine (Јапонија). (Клуб Ла Кања /2 1:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***