• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД

26 јули 2023

Скопје - Собранието на  Република Северна Македонија ќе ги одржи 121-та и 120-та седница. (Сала „Македонија“/12:00/13:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе оствари надзорна посета во просториите на Агенцијата за разузнавање. (11:00)

Скопје - Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ќе ги одликува Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Северна Македонија. (Кабинет на претседателот/19:30 и на Facebook страницата и YouTube каналот на Претседателот)

Скопје - Одбележување 60 години од земјотресот во Скопје:

-Владина делегација предводена од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу, ќе положи цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот на гробиштата Бутел. (10:00)

-Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Дарко Каевски, Велика Стојкова-Серафимовска и Абдула Салиу по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје ќе положи венец цвеќе пред Споменикот на загинатите од земјотресот. (Градски гробишта Бутел/10:00)

- Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе ја отвори дигиталната изложба на Државниот архив „Подемот и падот на Скопје“ во рамки на манифестацијата „Скопје во пет и седумнаесет – 60 години земјотрес“. (Музеј на современата уметност (МСУ)/13:30, пристигнување на медиумите/13:15)

-  „26 Јули, 1963“ - изложба на фотографии, видео проекција и други меморабилии за Скопје во организација на Општина Центар. (КСП Центар-Јадро/10:00)

 - „Станица Скопје 63“ изложба на фотографии од Сашо Димоски. (КИЦ, Салон Империјал 2/21:00)

-Мултимедијален настан на „Терапија“ Зборувај за Скопје - 60 години од катастрофалниот скопски земјотрес. (Музеј на град Скопје/20:00)

-Проекција на избор од кратки филмски журнали на „Филмске новости“ по повод земјотресот во Скопје, како и проекција на дигитализираниот филм МЕМЕНТО на Димитрие Османли. (Кинотека на РС Македонија/18:00/20:00)

- Отворање на изложбата „СКОПЈЕ - ГРАДОТ ФЕНИКС“ на Зоја Богдановска. (Музеј на град Скопје/20:00)

 - Отворање на изложбата на академскиот уметник Диме Темков «5.17», која е посветена на циклусот меморијални настани во спомен на трагичниот земјотрес во Скопје во 1963 година. (Културно-информативен центар/21:00)

Тетово - Министерството за правда ќе отвори канцеларија за бесплатна правна помош во Општина Теарце, каде министерот за правда, Кренар Лога и градоначалникот на Општина Теарце ќе потпишат Меморандум за соработка. (Простории на Општина Теарце/11:00, изјава за медиумите) 

Скопје - Прес - конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. (Прес-центар на Влада, и на јутјуб каналот на Владата/11:00)

Битола - Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ и директорката на канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија, Микела Телатин ќе ја започнат програмата „ЕУ за чист воздух“ преку церемонија на потпишување. (Јуроп Хаус Битола, изјави за медиуми/11:30)

Скопје - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески ќе додели наградите за посебни достигнувања во унапредување на извозот и образованието кадар за потребите на бизнисот, како и за долгогодишни коморски активности. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4, 5 кат/12:00)

Битола - Манифестација - коњички марш „Патот на Илинденците“. (Офицерски дом, плато/9:00)

Битола - Семинар за традиционална музика и игра, промоција на Зборник на трудови. (Центар за култура/10:00)

Битола - Свечено отворање на 53. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. (Офицерски дом, плато/20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан