• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

15 септември 2025

Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден на демократијата во Собранието. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Вицепремиерот и министер за Животна средина Изет Меџити ќе оджри брифинг во врска  со пожарот во Трубарево, на кој ќе бидат присутни и другите надлежни институции и инспекторати. (во Министерство за животна средина/17:00)

Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во кругот на фабриката „Макстил“ ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје. (Макстил/10:00, предвидени се изјави за медиумите). 

Скопје - Гувернерот на Народната банка Трајко Славески ќе одржи прес-конференција. (во Народната банка/12:00) 

Скопје - Свечено отворање на 13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE), (Македонска академија на науките и уметностите, свечена сала/11:00)

Скопје -  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе даде изјава за медиумите. (пред седиштето на СДСМ, Бихаќка 8/ 12.00)

Скопје - Едукативен настан по повод Денот за пензиска свесност. (Спортска сала на СГГУС „Здравко Цветковски“ – Скопје/11.00) 

Тетово - Јавна дебата во врска со изработката на планот за одржлива урбана мобилност и користењето на апликацијата за транспарентност на ГУП на Општина Тетово. (Општина Тетово/13:00, изјава за медиумите по дебатата)

Скопје - Во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи „Вечер со Олга Панкина“ – преведувачка, поетеса и промоторка на македонската книжевност и култура, а ќе бидат одбележани и два значајни јубилеи: 50 години од основањето на Лекторатот за македонски јазик на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ и 15 години од отворањето на Македонскиот културен центар во Москва. (ДПМ/19:00)

Скопје - Почнува манифестацијата „Денови на хрватски филм“. (Кинотека на Република Северна Македонија/20:00)

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан