• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

1 декември 2025 

Скопје - Во Собранието ќе се одржи настан Реформската агенда и Берлинскиот процес низ призмата на европската интеграција: Улогата на парламентот во спроведувањето на регионалните приоритети. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Седница на Комисија за еднакви можности на жените и мажите. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/13:00)

Скопје - Свечено отворање на Волонтерската програма на Собранието. (Собрание, Мал свечен салон/13:00)

Скопје - Посета на Собранието на Група експерти за борба против трговија со луѓe (ГРЕТА) на Советот на Европа. (Собрание, сала на Уставна комисија/13:00)

Охрид - Министерот за локална самоуправа Златко Перински, евроамбасадорот Михалис Рокас, генералниот директор на Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош во Република Албанија, Еридана Чано и градоначалниците на Охрид, Кирил Пецаков и на Крушево Нико Чонески, ќе се обратат на одбележувањето на почетокот на реализацијата на два проекти одобрени во рамки на првиот повик од ИПА 3 програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија и ќе бидат потпишани договори за национално кофинансирање меѓу носителите на проектите и Министерството за локална самоуправа и Договорот за Партнерство за „Техничката Помош на Програмата за Прекугранична Соработка Северна Македонија–Албанија во рамките на финансиската алокација за 2023 година". (Оперативен и тренинг центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, ул. Кленоец бр. 2А/11:00)

Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе го посети Филозофскиот факултет - Скопје, каде ќе потпише Меморандум за соработка и ќе ја промовира новата бесплатна Wi-Fi зона на факултетот. (Изјави/10:00; медиумите да дојдат најдоцна до 9:45)

Битола - Прес-конференција на ректорот на УКЛО-Битола, Игор Неделковски. (Ректорат/12:00)

Скопје - Комората на психолози ја организира акцијата „Денови на психологијата“ под слоганот „Грижа за менталното здравје на децата и младите – градење на здрава иднина“. 

Скопје - Национална конференција за ХИВ. (х.„Холидеј Ин“/10:00; Изјави за медиуми 9:40) 

Скопје - Официјална презентација на виртуелната асистентка „Мајка Тереза“, иновативна алатка која ќе овозможи поддршка и насоки за сите академски и административни прашања поврзани со Универзитетот. (Универзитет „Мајка Тереза“/11:00)

Скопје - Годишна изложба на ДЛУМ. (Национална галерија, објект Мала станица/20:00)

Битола - Фестивалот „Музика од светот“ завршува со концерт на Гамазда, пијанистика од Русија. (Народен театар/20:00)

Скопје - Промоција на стихозбирката „Времето пред јазикот“ од хрватската поетеса, драмска авторка, есеистка, активистка и уредничка Моника Херцег. (Кино „Фросина“, Младинскиот културен центар ‒ Скопје/19:00) 

Скопје - Изложба „Рацете на традицијата“ на авторот Елизабета Марковска. (Музеј на македонската борба за самостојност/19:00)

Скопје - Изложба на Бурџу Мусли. (КСП Центар јадро/20:00)

Скопје - Прес-конференција на Ракометниот клуб Вардар 1961 пред натпреварот од 6. коло од групната фаза на Лига Европа, и мечот со Тулуз (Франција) што е закажан за 2 декември во Скопје. (Сала за прес - конференции во СЦ „Јане Сандански“/12:30)

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан