• вторник, 19 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

9 мај 2023

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 6/ 13:30)

Скопје – Влада на Република Северна Македонија свечено ќе го одбележи 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. 

Штип – Центарот за правно-политички истражувања при УГД по повод Денот на Европа организира настан со презентација на истражување „Млади, миграции и образование“ и дебата на тема: „Предности и недостатоци од членството на Македонија во ЕУ“. (во просториите на Правниот факултет на УГД, изјави за медиумите/ 10:15)

Скопје – Претседателот на Националниот совет за извоз, Бранко Азески во посета на „Џонсон Мети“ ТИРЗ Скопје 1, најголемата странска инвестиција во државата, каде ќе има работна средба со најголемите извозни компании во државата. („Џонсон Мети“ ТИРЗ Скопје 1/ 11:00, по што следуваат изјави за медиумите)

Скопје – Втор национален настан за доделување грантови во Северна Македонија. (Стопанска комора, 11:00) 

Скопје – Универзитетска дебата на тема „STOP BULLYNG“ во организација на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН. (АУЕ-ФОН/ 11:00)

Тетово – Во рамки на акцијата ,,Ова е Македонија за сите", ВМРО-ДПМНЕ организира трибина на тема: ,,Социјални политики против иселување и сиромаштија". (во Арена (Браќа Миладиновци 1), трибината ќе се пренесува на официјалниот канал на Youtube на ВМРО-ДПМНЕ и официјалниот ФБ профил на Христијан Мицкоски/ 18:00)

Скопје – Прес-конференција на Коалиција Менуваме. (бул. „Илинден“ бр. 82/ 12:00)

Скопје – Народна платформа по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа продолжува со народните и граѓански и мирни собири и дебати. (во паркот „Жена борец“/ 11:00)

Скопје – НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата „ТИК-ТАК“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов. (на сцената на Театар Комедија/ 20:00)

Скопје – Промоција на книгата „Тежината на вториот чекор“ од Ѓоре Ѓелев. (Салон  19:19/ 19:19)

Скопје – Промоција на книгата „Естетските и структуралните особености на македонските народни носии, со посебен осврт на мијачката носија и нивните трансформации во современиот моден дизајн“ на д-р Јана Манева – Чупоска. (на Саем на книга, сала „Борис Трајковски“/ 15:00)

Скопје – Промоција на стихозбирката „Per Aspera Ad Astra“ од Оливера Доцевска. (Друштво на писателите на Македонија/ 12:00)

Скопје – Самостојна изложба „Слика во Фокус“ на „Амбасадорот на мирот“, Хајруш Фазлиу. (Чифте амам/ 19:00)

Скопје – Самостојна изложба на Марко Ружин. (Галерија „КО-РА“/ 20:00)

Скопје – Самостојна изложба на Рафаело Ристовски. (Галерија „КО-РА“, нов салон сутерен/ 20:00)

Скопје – Сликарската изведба насловена „ЕКСТРА КРУГ“на чешката уметница м-р Петра Јовановска. (Галерија „КО-РА“, на Зелениот покрив на објектот ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“/ 20:00)

Скопје – Отворање групна изложба насловена „Наша визија за ЕУ – редефинирање на приоритетите“ и настап на ХМД „Кочо Рацин“ – Скопје, диригент Ангелина Спасовска. (Галерија „КО-РА“, нов сутерен)

Гевгелија – Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, ја продолжува Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ - "Dancing (Talking)Table". (во Домот на културата „Македонија“/ 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан