• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД

5 јуни 2023 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“.13:30)

Скопје - Седница на собраниската Закондоавно-правна комисија. (Сала 4/13:00)

Скопје - Работна посета на Собранието на делегациии од комисиите за европски прашања на албанскиот и косовскиот Парламент.

Демир Капија/Неготино -  Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми ќе изврши увид на рехабилитација на пат Демир Капија - Неготино. (локација/11:00, по увидот, изјави за медиумите од премиерот Ковачевски, министерот Бочварски и директорот на ЈПДП Рустеми, новинарските екипи да пристигнат на локацијата најдоцна до 10:30)

Будва - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). 

Штип - Во СВР Штип стартува новиот проект на Министерството за внатрешни работи – „Отворен Кабинет” на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Пред приемот на странки, министерот Спасовски ќе оствари средба со раководството на СВР Штип. (Пред објектот на СВР Штип можност за инсерти од пристигнување и рапорт на министерот Спасовски 9:00 часот, а изјавата за медиуми е предвидена во 12:00 часот на истата локација.)

Скопје - Министерката за животна средина и просторно планирање Маја Шукова и амбасадорката на Кралството Шведска Ejми Ларсон Џeин и претседателот на ЗЕЛС  Орце Ѓорѓиевски ќе се обратат на воведната Конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ по повод одбележувањето на Светскиот ден на животната средина. (х.Double Tree Hilton/10.30) 

Скопје - Промоција на новата онлајн услуга: електронска регистрација на новороденче на која е најавено присуство на првиот вицепремиер Артан Груби, министрите за информатичко општество и администрација и за здравство, Азир Алиу и Фатмир Меџити, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на Гинекологија, д-р Башким Исмаили. (Гинеколошко-акушерска болница - Чаир, со почеток во 12:00 часот)

Курбиново -  Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду ќе присуствуваат на средба во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Курбиново  на која ќе бидат презентирани резултатите од соработката меѓу Заводот и музеј – Битола и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун на Проектот за конзервација на ѕидното сликарство на црквата. (с. Курбиново/11:00, предвидени се изјави)

Скопје - Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Народниот правобранител Насер Зибери и двата проекти за правата на детето финансирани од Европската комисија ќе одржат конференција за промовирање на правата на детето на демократско учество и вклученост. (х.Александар Палас, Конгресна сала/ 10:00/Медиумите се поканети да ги проследат изјавите за медиуми на Народниот правобранител Зибери и амбасадорот Гир, како и изјавите на другите учесници на панелот/ Конгресна сала/12:30) 

Охрид - Света Архијерејска Литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на празникот на Светиот Дух. (Катедрален храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“/ 9:00)

Скопје - Прес - конференција на Агенцијата за храна и ветеринарство. (АХВ/10:30)

Скопје - Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ќе додели уверенија на 14 кандидати – врвни математичари кои успешно ја завршија двегодишната обука и ги положија стручните испити за актуари. (ресторан „Рагуза 360“/ 15:00, предвидени се изјави за медиуми)

Скопје - Билатерален форум на тинк-тенк организации од Северна Македонија и Шпанија во организација на Преспа Институт. (амфитеатар на МНР/10:30) 

Велес - Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“, ВМРО-ДПМНЕ организира трибина на тема „Развојни политики за стабилна економија“ на која меѓу говорниците се претседателот на партијата Христијан Мицкоски и попретседателката Гордан Димитриеска Кочоска. (во Спомен Костурница/18:00, трибината ќе се пренесува на youtube каналот на ВМРО-ДПМНЕ и на официјалниот фб профил на Мицкоски) 

Скопје - ДУИ одбележува 21. година од основањето. 

-Панел дебата на тема „Европски фронт“ на која ќе се обратат лидерот на партијата Али Ахмети, Радмила Шекеринска, Петар Арсовски, Газменд Ајдини, Теута Арифи и други. (х.„Александар Палас"/12:00)

-Претседателот на партијата Али Ахмети ќе им се обрати на членовите на партијата. (14:00)

Тетово - Фракцијата на Демократската унија за интеграција ќе ја одбележи 21-годишнината на ДУИ. (Кај Центарот за култура во Тетово/14:00)

Скопје - Седница на Советот на Општина Чаир на која на дневен ред е одобрување на одлуката за меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Чаир за изградба на улицата „Цветан Димов“. (Големата сала на Општина Чаир/12:30)

Скопје - Независниот академски синдикат (НАкС) организира научно-стручна дебата на тема „Заштита на животна средина, климатски промени, одржлив развој и високото образование во Република Северна Македонија“. (Europe House/11:00)

Скопје - Коалицијата Менуваме ќе одржи прес-конференција. (Пред Влада на РСМ/12:00)

Штип - Во организација на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во започнува првото издание на Фестивалот за современа музика. (Уметничката галерија „Безистен“ 19:00, изјави се предвидени половина час пред почетокот на фестивалот)

Битола - Премиера на театарската претстава „Брод за кукли“. (Народен театар-Битола/20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан