• сабота, 16 ноември 2024

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

25 септември 2023

Скопје - Собраниската Законодавно правна комисија ќе ја одржи 210.седница. (Сала 4/12:00)

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски ќе ја посетат компанијата Алма М, во Визбегово. (Локација/12:00)

Љубљана - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во работна посета на Љубљана.

Демир Капија - Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во посета на Општина Демир Капија. (12:00)

Скопје - Министерот за одбрана на сојузничка Норвешка, Бјорн Арилд Грам во официјална посета.

-Официјалната церемонија за пречек на министерот Арилд Грам. (Министерство за одбрана/09:30, пристигнување на медиумите најдоцна до 9:10)

-Инсерти од билатералните разговори помеѓу македонската и норвешката делегација. (10:10)

-Прес-конференција на министерката Петровска и министерот Арилд Грам. (11:15, пристигнување на медиумите најдоцна до 11:00)

Скопје - Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт во РАМКИ НА официјалната посета во змјава ќе се сретне со министерката Славјанка Петровска. (Министерство за одбрана, прес-конференција/14:30 часот, пристигнување на медиумските екипи до 14:00)

Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија организира конференција на тема:„Одржливи енергетски вештини во градежништвото” - SEEtheSkills проект. (х.„Александар Палас“/10:00)

Скопје - Во рамки на „Проектот за поддршка на регионалната интеграција на приватниот сектор“, што се спроведува во партнерство со УСАИД, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Полската амбасада во Скопје, Полската агенција за инвестиции и трговија (ПАИХ), Агенцијата за странски инвестиции и Долношлеската стопанската комора, организира конференција на тема„Водење бизнис со ЕУ – како да се постигне поинтензивна трговска соработка меѓу Северна Македонија и Полска“. (Стопанската комора, 5-ти кат/11:00; Изјави за медиуми во 10:45)

Скопје - Здружението за истражување и анализи ЗМАИ ја организира конференцијата: „Регионална интеграција преку подобри даночни и царински системи на земјите од Западен Балкан”. (х.„Александар Палас“/11:00)

Скопје - Промоција на проектот „Протокол за постапување со деца со дијабетес во училишта и детски градинки“, во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК со поддршка од Министерството за здравство и стручни лица. (галерискиот простор на Мала Станица во Скопје/14:00)

Скопје - Отворање на третиот Симпозиум посветен на безбедноста на лифтовите, во организација на Македонското здружение за лифтови, заедно со коорганизаторите Хрватското и Бугарското здружение. (х.„Холидеј Ин“/9:15-18:00)

Битола - ИФФК „Браќа Манаки“ – програма:

-Фестивалска прес конференција. (Офицерски дом/11:00)

-Паркинг кино, специјална селекција. (Паркинг кино/19:00)

-Специјална проекција во чест на Питер Бижу. (Кино Манаки/21:15)

Скопје - Концерт на дувачкиот квинитет Phil - Harmonic. (Филхармонија/20:00)

Охрид - Отворање на Охридската школа по природно право „Препознавање и разбирање на организираниот криминал и корупцијата во контекст на владеење на правото". („Куќата на Уранија-МАНУ"-Охрид/10:00)

Скопје - Прес-конференција на Н.У. „Театар за деца и младинци“-Скопје. (11:00)

______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан