19 јуни 2025
Скопје - Собраниската комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање организира јавна расправа за реформскиот пакет на Предлог-законите за дигитална трансформација. (сала „Борис Трајковски“/ 10:00)
Скопје - Седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика. (сала 4/ 10:30)
Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија. (сала 6/ 11:30)
Скопје - Средба на Комисијата за одбрана и безбедност со студенти на Факултетот за детективи и безбедност при Американскиот универзитет на Европа ФОН - Скопје. (сала 5/ 11:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези. (11:00/ изјава за медиуми/11:30)
Скопје - Младински форум за економска демократија и сопственост од страна на вработените во организација на Здружението АРНО и Институтот за економска демократија од Словенија („Europe House Skopje“/ 10:00)
Скопје - Промоција на проектот „Еко дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку инклузивно застапување на политики“. (Хотел Панорамика Дизајн и Спа/10:30)
Скопје - Форум „Предизвици или можности: Генерацијата З на пазарот на трудот?“. (Јавна соба/ 11:30)
Скопје - Седмо издание на винскиот салон „Вино на штикли“. („Ragusa 360 Rooftop“/ 19:00)
Скопје - Промоција на книгата „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски. (Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/ 19:00)
Скопје - Отворање на македонскиот павилјон на 60. Меѓународна ликовна изложба при Венециското биенале 2024 - проект „Inter Spem et Metum“ на уметничката Славица Јанешлиева. (Национална галерија/ 20:30)
Софија - Камерен концерт за глас и пијано на Ева Живковска и Горјан Стојановски. ( Македонски КИЦ во Софија/ 18:30)
Скопје - Недела на перуански филм. (Кинотека)
Струга - Почнува 20. Регионална конференција на Македонскиот ПЕН центар. (21:00)
_____________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***