МИА Најави МКД
- 4 мај 2025
4 мај 2025
Скопје - Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев
- Делегација на Собранието на Република Северна Македонија предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, во чиј состав се и Велика Стојкова-Серафимовска, Сања Лукаревска и Павле Арсовски ќе положи цвеќе на гробот во црквата „Св. Спас“. (11:00)
- Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе положат цвеќе на гробот во црквата „Св. Спас“. (11:00)
- Претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе положи цвеќе на гработ во црквата „Свети Спас“. (11:00)
Штип - По повод годишнината од загинувањето на Гоце Делчев, Општина Штип и Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип организираат свечено чествување и полагање цвеќе. (Спомен-обележје на Гоце Делчев (пред Ректоратот) во Ново Село/10:00)
Скопје - Доделување на државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија во областа на науката на кое ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска. (Кристална сала во Собранието/12:00)
Василево - Потпретседателот на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА Махмут Чевик ќе присуствува на отворањето на проектот за одржливо земјоделско производство во пластеници и поддршка со земјоделска опрема. (Отворен спортски терен во Општина Василево / 11:30)
Скопје - Натпревар „Креативноста на дело на идните фризери” во организација на Секцијата на фризери при Занаетчиска комора Скопје, Занаетчиска комора Скопје и СУГС „Димитар Влахов“. (Младински Културен Центар / 11:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***