4 март 2024
Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Собрание, сала 4 / 11:00)
Скопје - Свечена изјава на Абдуш Демири, член на Државната изборна комисија. (Собрание, Охридска сала / 12:00)
Скопје - Презентација на анализа „Ефектите и оддржливоста на социјалната реформа од 2019 година во Република Северна Македонија“ во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ - канцеларија Скопје и Асоцијација за инклузивен и одржлив развој (СИГА). (хотел „Холидеј ин“ / 11:00)
Скопје - Панел-дискусија „Ајде да зборуваме за обезноста и ...“ во организација на Научното здружение за обезност „ОБЕМ“ - Скопје по повод 4 Март - Светскиот ден на обезноста. (Деканат на Медицинскиот факултет-Скопје / 12:00; Изјави за медиумите пред почетокот на настанот)
Скопје - Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје и Катедрата за романски јазици и книжевности по повод Месецот на Франкофонијата организираат предавање на д-р Деспина Ангеловска на тема „Уметност или разонода? Комедиите на Јасмина Реза и нивната рецепција од Париз до Бродвеј“. (Филолошки факултет, сала за состаноци / 12:00)
Тетово - По повод Денот на Општина Тетово свечена седница на општинскиот Совет. (х. „Меркур“/12:00).
Скопје - Разговор со авторката Лилјана Пандева, чија збирка раскази „Луѓенца“ е книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. (Спомен-соба „Т’га за југ“ во Библиотеката / 19:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***