МИА Најави МКД
23 март 2024
Скопје – Отворен ден на Армијата за граѓаните на Воениот стадион во Скопје по повод одбележувањето на 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата. (Воен стадион во Градски парк/ 11:00, министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин Отворениот ден ќе го посетат во 12:00, медиумите да пристигнат во 12:00)
Охрид - Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во соработка со локалната самоуправа организираат Отворен ден за граѓаните, настан кој е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата. (на просторот кај градското пристаниште/ 11:00 – 15:00)
Скопје – Женски економски форум, во организација на Здружението за вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, „Global Shapers Skopje Hub“ и Факултетот за Туризам и Бизнис Логистика - УГД Штип. (на платформата ZOOM: Линк: https://us02web.zoom.us/j/85609905028?pwd=RGEzZjFIZ1ZRSlE2STZMbnlHSWt3dz09 /17:00, вклучување на платформата во 16:50)
Meeting ID: 856 0990 5028 Passcode: 696494
Скопје – Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС). (во просториите на СОНК, ул. „Маџир Маало“ бр. 35/ 11:00)
Скопје - Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ќе го одржи 28. конгрес. (х. „Александар Палас“/18.00)
Тетово - Кандидатот за претседател на Коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари организира трибина на тема „Иселување на младите“, каде како говорници се поканети и другите кандидати за претседател на државата.(Општина Тетово/12:00)
Скопје – Годишно собрание на Форумот на жени на Социјалистичката партија на Македонија. (СПМ/ 12:00)
Скопје - Прес-конференција на Демократски сојуз. (Седиште на ДС/13:00)
Куманово – Отворање на штабот ВРЕДИ во Куманово. (близу Градската болница/ 21:00)
Копенхаген – Светска премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд" во продукција на МКЦ Скопје на CPH:DOX во Копенхаген.
Скопје – Ретроспектива на словачкиот филм – „Дојди кај нас Стар Шатерланд“ во режија на Душан Ханак. (Кинотека на Северна Македонија/ 20:00)
Скопје – Шести концерт во рамките на „Светско, а наше – Саботи на светска музика“ на кој ќе настапат Пијан Славеј - музичко-поетскиот формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски. (Јавна соба/ 21:00)
Лајпциг – Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг, Германија на настанот „Поезија за неприпаѓањето. Лирски импресии од Северна Македонија“. (15:00)
Скопје – Прослава по повод 6-ти роденден на Меѓународната граѓанска организација „Културно Ехо“. (во просторот BASE24 на ул. „Римска“ бр. 25/ 19:00 – 22:00)
Скопје – Прв официјален Pokémon-настан за македонските фанови. (книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/ 18:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***