• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

22 декември 2023

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 135-тата седница. (Сала „Македонија“ / 11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6 / 09:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4 /10:30)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на настан во  ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај деца ,,Козле” - Скопје по повод промената на дејноста, видот и називот на институцијата. (13:00)

Скопје - Брифинг со министерот за финансии Фатмир Бесими за актуелни теми кои се во надлежност на Министерството. (Министерството за финансии / 09:45)

Кавадарци - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  со дел од раководството на МВР, претставници од дипломарскиот кор, локалната самоуправа и други институции, ќе присуствува на изведување тактичка вежба „Рефлекс 2023“, која ќе биде случај на откривање прекуграничен криминал, односно криумчарење мигранти.

- Спасовски ќе положи цвеќе на споменикот „12 Ваташки младенци“ во село Моклиште, Кавадарци. (изјава за медиумите во 12:00, локација: парк „12 Ваташки младинци“, Моклиште, Кавадарци)

Делчево - Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за  животна средина и просторно планирање и за транспорт и врски, Љупчо Николовски, Каја Шукова и  Благој Бочварски, во посета на Општина Делчево (11:15).

- министрите ќе извршат увид во реконструкцијата на булевар „Македонија“ во Делчево (11:30, изјава за медиуми на министерот Бочварски, локација на настанот)

- министрите ќе го посетат новиот затворен градски пазар во  Делчево (12:20 часот, изјава за медиуми на министерот Николовски, локација на настанот

-министрите ќе посетат филтер станица за прочистување вода за пиење за Општина Делчево (13:00, изјава на  министерката Шукова и на градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, локација на настанот)

Скопје – Хелсиншки комитет организира јавен настан за состојбата со говорот на омраза во Република Северна Македонија. (х. „Сити Парк“/ 11:30 – 13:30)

Скопје – Јавен состанок на Агенцијата за пошти. (х. „Мериот“, конференциска сала/ 11:00)

Скопје – Комеморативна седница за проф. д-р Јосиф Тосевски, поранешен декан на Факултетот за ветеринарна медицина. (Факултет за ветеринарна медицина/ 11:00)

Скопје – Претседателот на „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“, Максим Димитриевски, ќе одржи брифинг со новинарите. (Републички простории на „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“, бул. „Климент Охридски“, бб – Скопје, во непосредна близина на Европски Универзитет/ 11:30)

Тетово – Општина Тетово организира Јавна дебата за предлог буџетот за 2024 година. (сала на Советот)

Скопје – Трибина „Место за слетување – Каде може да слета уметноста во најгусто населената општина во градот, Општина Аеродром“. (Кафетерија „Мамбо“, Парк „Авионче“, Ново Лисиче/ 20:00)

Скопје - Виртуелен настан „Отклучи ја иднината со патоказот на ОМД за 2024 година“, чиј домаќин е Обединетата македонска дијаспора (ОМД). (на платформата ZOOM/ 18:00)

Скопје – Изведба на балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов. (Национална опера и балет/ 20:00)

Битола – „Во книжевниот универзум на Ацо Шопов". (Офицерски дом/ 12:00)

Скопје – Премиера на претставата „Божествена рапсодија“. (Мала сцена во Македонски народен театар/ 18:00)

Скопје – Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе и ја врачи наградата „Бели мугри“ за најдобра необјавена книга поезија од автор до 35 години на Верица Мукоска за поетскиот ракопис „Ѕвонливи тишини“. (18:00)

Битола – „Сонувајќи ја природата“ - самостојна изложба на Стефан Малбашиќ. (Центар за култура/ 20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан