МИА Најави МКД
- 12 септември 2025
12 септември 2025
Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ја одржи 68-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/10:00)
Дојран/Гевгелија - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во работна посета на Дојран и Гевгелија, каде ќе оствари средби и ќе посети повеќе значајни културно-историски споменици и локалитети во регионот на Дојран и Гевгелија. (Предвидена е изјава за медиумите во Гевгелија, во Старата чаршија/12:45)
Скопје - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески ќе одржи работен состанок со претставници на најголемите ланци на маркети, дистирбутери, Советот на странски инвеститори и претставници од Здруженијата. (Стопанска комора на Северна Македонија, кат 5, сала 4/12:00)
Скопје - „Инвеститорски ден“ на Берзата, тргување со акции без провизии преку сите членки на Берзата.
Гостивар - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на општина Гостивар Висар Адеми. (улица „Браќа Блажевски“/11:00)
Охрид - Отворање на изложбата „Звукот на пејзажот“. (Куќата на Робевци/19:30)
Скопје - Книжевно-мултимедијален фестивал ArtArea#9, во организација на издавачката куќа „Бегемот“. (Кафе-книжарница „Буква“/19:00)
Скопје - Концерт на групата Фолтин во пресрет на јубилејот, 30 години од нивниот прв концерт. (Јавна соба)
Скопје - Концерт на Passepartout Duo и Алембик. (КИЦ-Скопје, Салон 19:19/20:00)
Скопје - Отворање на мултимедијална изложба „Вршачка алтернативна сцена“ на авторите Данило Милошев - Восток и Злата Војниќ Кортмиш. (Музеј на Град Скопје/20:00)
Скопје - Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин ќе одбележи 15 години постоење. (Градина на МОФ, ул. „Дренак“ 34-a, Кисела Вода/18:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***