МИА Најави МКД
- 17 октомври 2025
17 октомври 2025
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба со делегацијата од Европскиот парламент. (Сала 5/17:00)
Куманово - Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски ќе се обратат на воената свеченост по повод одбележување на на Денот на Командата за операции. (Касарна „Боро Менков“/11:00, пристигнување на медиумите до 10:15)
Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе одржи прес-конференција по повод донесувањето на „Стратегија за развој на ИКТ: СМАРТ/МК 2030“. (Влада, Медиа центар/10:30, пристигнување на медиумите/10:15)
Гостивар - Министерот за здравство Азир Алиу ќе го посети вакциналниот пункт во Гостивар, Одделение за епидемиологија на Центар за јавно здравје, во кругот на болницата. (9:00)
Скопје - Министерот за здравство Азир Алиу ќе ја посети реновираната амбуланта во село Радуша, општина Сарај. (10:30)
Струга/Охрид - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе престојува во работна посета на Струга и Охрид.
- Посета на оштетениот објект на споменикот Стара Струшка куќа на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 16 - куќата на Владо Малески која е прогласена за значајно културно наследство. (Изјава за медиуми пред оштетениот објект/11:30)
- Посета на библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид каде ќе се обрати на пригодната свеченост по повод враќањето на „Пчињското изборно евангелие“ кое важи за најстар ракопис зачуван во фондот на библиотеката. (13:00)
Скопје - Струковиот Синдикат на Контролорите на Летање - ССКЛ ќе одржи брифинг со медиумите. (10:00 часот, во кафетеријата на Младински културен центар/10:00, прес-конференција на претседателот на ССКЛ Александар Тасевски по брифингот/10:30)
Скоје - Прес-конференции на Зелен хуман град. (Пред Агенција за храна и ветеринарство/10:00 и пред ЈСП/13:00)
Скопје - Отворање на изложбата на слики: „МЕТАМОРФОЗИ" на Викторија и Орхан Ќамилов. (Мобилна/Монтажна галерија - Парк на Франкофонија/19:00)
Ниш - „Секвенци од рефлексијата“ изложба на скулптури на Слободан Милошески. (Галерија на Нишки колтурен центар/19:00)
Скопје - Отворање на изложбата на Васил Василев насловена „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“. (Објект Даут пашин амам/19:00)
Брчко - Македонскиот народен театар ќе настапи на претстојните 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина, со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин.
Скопје - „Tango Night“ концерт посветен на делата на легендарниот аргентински композитор Астор Пјацола и современиот македонски композитор Давор Јордановски. (КИЦ, Салон 19,19/20:00)
Локални избори 2025:
Охрид - ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одржат митинг. (19:00)
Старо Нагоричане/Кратово/Ранковце/Крива Паланка/Куманово - Изборниот карван на СДСМ и коалицијата Старо Нагоричане (17:30), Кратово (17:30), Ранковце (17:30) Крива Паланка (18:30) и во Куманово (20:00)
Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. (Во штабот наспроти Тренд/11:00)
Куманово - Завршен митинг на кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски и советничката листа на Куманово предводена од носителката Ивана Ѓорѓиевска од Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија. (Центар за култура „Трајко Прокопиев“/18:00
Скопје - Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ ќе одржи прес - конференција на Плоштад „Слобода" (12:30, доколку временските услови не дозволуваат, пресот ќе биде во Изборниот штаб на Левица, Парк Старо маало, спроти ,,Мистер Џек").
- „Скопје пешки“ (Амар Мециновиќ ќе пешачи од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, тргнува во 9:00 часот од Ѓорче – пристигнува на Плоштад ,,Слобода" во 12:30 за прес конференција и продолжува кон Ново Лисиче)
- Изложба „Скопје какво беше - какво е – какво треба да биде“. (Плоштад Слобода/12:00)
- Завршна собир во Изборниот штаб на Левица (20:00)
Скопје - Прес-конференција на проф. Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“; Билјана Ивановска, независна кандидатка за градоначалник на општина Центар поддржана од граѓанската платформа „Независни заедно“; Јана Белчева Андреевска, носителка на советничка листа за Скопје; Јане Димески, носител на советничка листа за о. Центар. (кај фонтаната „Лотос“ во Градски парк/ 11:55)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***