• четврток, 05 февруари 2026
МИА Најави МКД

5 јануари 2026

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 6/11:00)

Скопје - Седница на Советот на јавни обвинители. (10:00)

Скопје - Седми состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства помеѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска. (Министерството за надворешни работи и надворешна трговија/Пред почетокот на состанокот, во 11:00 часот, предвидени се изјави за медиумите)

Скопје - Здружението за кривично право и криминологија на Македонија и Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите, организираат научно-стручна расправа по Предлог Законот за Академијата за судии и јавни обвинители. (МАНУ/11:00)

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. (Простории на Град Скопје /11:00)

Скопје - Прес конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче. (седиште на партијата/11:30) 

Скопје - Предавање на тема „Историјата на Ромите на Балканот од Средниот век до Првата светска војна“ на историчарот проф. Бернар Лори. (Europe House/19:00)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, заедно со раководителите на сектори и директорите на јавните претпријатија, ќе одржи  брифинг со новинарите. (Простории на Општина Тетово/10:00)

Битола - Директорот на НУ Центар за култура-Битола, Сашо Илковски ќе одржи прес конференција. (Центар за култура/10:00)

Скопје - Шесто издание на „Денови на литературата“. (Литература.мк“ во „Дајмонд мол“)

Скопје - Изложба на фотографии „Јадрански минијатури“ на Тончи Станчиќ. (КИЦ, Империјал 1/18:30)

Софија - Отворање на изложбата „Кинетички арт-театар“ на Петко Јакимов во Македонскиот КИЦ во Софија. (18:30)

Скопје - Отворање на изложбата „ЗОРА - Нејзината заборавена шума“ на визуелната уметница Драгослава
Ѓуриќ. (КСП Центар - Јадро/19:00)

Скопје - Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Ѕвездено арпежо“ со врвната харфистка Анлин Ленартс. (Филхармонија/20:00)

___________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан