• понеделник, 16 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

20 септември 2023 

Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе одржи продолжение на 125. седница. (Собрание на РСМ, Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе има средба со министерот за правда на Кралство Саудиска Арабија, Валид бин Мухамед Ал-Самаан. (Собрание на РСМ, Сала на Влада/11:30)

Скопје - Во Собранието ќе се одржи настан „Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци 2023“. (Сала „Борис Трајковски“/12:45)

- обраќања на Моника Зајкова, пратеничка (ЛДП) и координаторка на Клубот за младински прашања и политики на Собранието, на Владимир Ѓорѓевски, раководител на локалната канцеларија на РИКО и на Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер (13:00)

- панел дискусија „Заложби за подобра иднина на младите – Младинска соработка и учество“ во рамки на иницијативата започната во 2022 година од страна на на локалната канцеларија на RYCO со поддршка на фондациите Фридрих Еберт и Конрад Аденауер. (13:30)

- потпишување заедничката младинска декларација од претседателите на партиските подмладоци кои имаат пратеници во Клубот за младински прашања и политики на Собранието.

Скопје - Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе се обрати на настан „Современа, Ефикасна и Дигитализирана Јавна Администрација: Визија 2030. Испорака на поквалитетни јавни услуги за граѓаните и приватниот сектор“ на кој ќе биде промовирана новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023-2030).(х. „Мериот“/10:00) 

Скопје - Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе одржи средба со млади земјоделци. ( голема сала за состаноци на МЗШВ/ изјава за медиуми 11.30) 

Пласница - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе го посети давателот на социјалната услуга помош и нега во домот - Здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи „ЖРТВА Охрид“ кое ја спроведува оваа услуга во општините Пласница. (Општина Пласница/9:00)

Штип - Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, постојаниот претставник на Обединетите Нации во Северна Македонија, Армен Григорјан, амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Јаин ќе го посетат Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и лабораторијата „Амбикон“ (Кампус2). (Универзитет „Гоце Делчев“/10:00, изјави за медиумите при посетата на лабораторијата во Кампус 2/11:15)

Скопје - Потпишување на Декларацијата за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија во организација на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ. (х.„Мериот“, Плоштад Македонија бр. 7/13:00, изјави за медиумите/12:30)

Скопје - Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО ќе го одбележи Светскиот ден за гинеколошките карциноми со панел дискусија „Премостување на предизвиците при дијагноза и лекување на гинеколошки карциноми - каде сме во моментов и каде се движиме?”. (Општина Центар-Матично/11:00, изјави за медиумите)

Скопје - Под мотото Гласно НЕ, за дискриминација на децата/лицата со нарушен раст, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – РАСТ на РМ, ќе го одбележи 20-ти Септември - Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата. (Порта Македонија/10:00)

Кавадарци - Отворени средби со граѓаните на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). (Општина Кавадарци)

Куманово - Кампања за промоцијата Бесплатна правна помош дел од програмата ‚‚Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија и Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа. (Градски пазар/9:30)

Скопје - Свеченост по повод отворање нова зграда на Општина Ѓорче Петров. (ул.„Ѓорче Петров“ бр.22, во непосредна близина на реонскиот парк во Ѓорче Петров/18:00), по свеченото отворање ќе се одржи концерт во паркот по повод 20 Септември – Ден на Општина Ѓорче Петров. (20:00)

Кавадарци - Панел-дискусија по повод почетокот на реализацијата на Проектот „Вклучување на приватниот сектор“ (PSE - Private Sector Engagement) што го финансира швајцарската организација „Хелветас“ (Helvetas), а ќе се имплементира преку М6 Едукативниот центар. (Винарска визба „Тиквеш“/14:00)

Скопје - Промоција на книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ од Владимир Јанковски. (Кафе-книжарница Буква/19:30)

Скопје - Предавање и промоција на книгата „Преплетени со природата“ на д-р Александар Митов. (Јавна соба/19:30)

Скопје - „FLUX Sufacing“ изложба на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова. (Културно-информативен центар, Салон Империјал 2/20:00)

Шибеник - Свечена проекција на македонскиот игран филм МЕМЕНТО (1967) во организација на Здружението Хрватско-македонска тангента. (Градска библиотека „Јурај Шижгориќ“/18:30)

Скопје - Премиера на „88 Dimensions“- концерт на пијанистите Арда Мустафаоглу и Леви Шехтман по повод одбележување 30 години од германско -македонските дипломатски односи. (Македонска филхармонија, камерна сала/20:00)

Скопје - Низ видеа, фотографии и сведоштва „Во спомен на Катина Иванова“. (МНТ, голема сцена/12:00)

______________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан