2 декември 2024
Стокхолм - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе престојува на дводневна посета на Кралството Шведска.
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно правна комисија. (Сала 6/11:00)
Белгија - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе престојува во тридневна работна посета на Брисел.
Берово - Министерот за локална самоуправа, Златко Перински ќе присуствува на презентацијата на резултатите на инфраструктурната поддршка насочена кон подобрување на условите за престој во Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“ во Берово. (изјави во Домот за стари лица/12:00)
Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи единаесеттата седницa. (https://zoom.us/j/98295903812pwd=0kxSe6ldFmaPSzfqhdTgf0KbQbwNhh.1 /12:00)
Скопје - Прес-конференцијата на Регулаторната комисија за енергетика за цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО). (РКЕ/12:00)
Скопје - Националната федерација на фармери (НФФ) со поддршка на Шведска и Шведската развојна организација We Effect го организира „Земјоделски форум за климатски промени“. (хотел „Александар Палас“/11:00)
Скопје - Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира панел-дискусија „Зошто ни е потребен нов закон за медиуми?“. (х. „Холидеј Ин“/09:30)
Скопје - Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје организира панел-дискусија „Зајакната соработка во процесот на ЕУ интеграција преку Реформската агенда“. (х. Панорамика/ 13:00; изјави за медиуми/12:45)
Скопје - Прес-конференција на здружението „Кохлеарно срце“ на тема „Подигнување на свесноста за дискриминацијата кај сетилните попречувања: Еднаквост за сите деца“. (Културно едукативниот центар Лабораториум/11:30)
Скопје - Панел-дискусија и фото изложба „Втор ден ми е“. (Јавна соба/18:00)
Скопје - Прес-конференција по повод претстојниот концерт на Симон Трпчески во Скопје. (хотел „Парк“/ 11:00)
Скопје - Поглаварите на петте заедници впишани во Уставот во просториите на Македонската Архиепископија, ќе потпишат соопштение во кое ќе повикаат на запазување на соживотот. (10:30)
Скопје - По повод Светскиот ден на лицата со инвалидност „3-ти Декември“, во мултифункционалниот објект Порта Македонија, ќе биде отворена изложба на слики од XIII- тата Меѓународна ликовна колонија на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија - Мобилност Македонија. (19:30)
Скопје - Здружението на лица со посебни потреби и други лица Еду Лумина организира трибина и коктел по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. (свечена сала на Општина Чаир/16:30)
Скопје - Недела на Бах со пијанистот Дино Имери. (Факултет за музичка уметност/ 13:00)
Скопје - Концертна вечер насловена „LIVE ON BROADWAY“. (Филхармонија/19:00)
Скопје - Здружението Конект-Скопје организира донаторска акција. (Интермецо мјузик бар/17:00-20:00)
Скопје - Промоција на спотот на Илинка Скаловска за нејзината најнова песна - „Нова искра“. (Едукативно-културниот центар „Лабораториум“/ 17:00)
Скопје - Промоција на книгата „Прес енд плеј“ во ново надополнето издание на англиски јазик од Ненад Георгиевски. (Аудиокултура/19:30)
________________________________________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***