• петок, 05 декември 2025

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

13 октомври 2025

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски ќе извршат увид во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во с. Црешево. (10:00)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 23. седница. (https://zoom.us/j/95783300105?pwd=yCkJ0xmeTMmjvUDfE7OnOWMC9uOaMS.1/ 10:00)

Скопје - Прес-конференција на Театарот за деца и младинци по повод четвртото издание на ИФДТ ,,Игор Маџиров”. (фоаје на театарот/11:00)

Скопје - Со настан посветен на италофонијата во светот почнува 25. издание на Неделата на италијанскиот јазик. (Europe House/19:00) 

Скопје - Прес-конференција на ракометниот клуб Вардар 1961 по повод почетокот на натпреварите од групната фаза на Лига Европа и мечот со
Севете (Хрватска). (СЦ Јане Сандански/12:30) 

Темишвар - Фестивалот „Зрно“ учествува на „Аналогманија“ – меѓународен фестивал посветен на аналогна фотографија, филм и музика.

Локални избори 2025:

Росоман/Градско/ Лозово/Велес - ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одржат митинзи во Росоман (16:00), во Градско (17:30), во Лозово (19:00) и во Велес (20:30)

Богданци/Зрновци/Чешиново-Облешево/Виница/Кочани - Изборниот карван на СДСМ и коалицијата ќе одржат митинзи во Богданци (17:30), во Зрновци (17:30), во Чешиново-Облешево (17:30), во Виница (18:30) и во Кочани (20:00)

Скопје -  Прес-конференција на кандидатот за Градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. (во  штабот наспроти Тренд /10:00) 

Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи. (седиштето на ДУИ во Чаир/10:00)

Скопје - Актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски ќе учествува на акцијата за чистење на депонијата кај полигонот на Кале. (13:00)

Кочани - Претставници на Левица ќе оствараат средби со граѓаните во Кочани (Парк на Револуцијата - Кочани/17:00) и во Штип (Мал плоштад спроти ,,НАМА"/ 19:00)

Скопје - Прес-конференцијата на потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адем и кандидатот за градоначалник на општина Студеничани, Ејуп Абази. (седиште на ДУИ во Скопје/12:00)

Скопје - Прес - конференција на Зелен хуман град. (Кривичен суд/11:45)

Скопје - Здружението „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари“ организира настан „Граѓаните избираат: здравје за сите“. (плоштад Amaro Mall, Шуто Оризари/11:00, изјави за медиуми 11:45)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан