• понеделник, 16 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

24 септември 2024 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 15-тата и 14-тата седница. (Сала „Македонија“ /11:00/11:15)

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски и претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, ќе имаат средба со Лаима Луција Андрикиене, членка на Европскиот суд на ревизори. (Сала на Влада/9:00)

Скопје - Претставници на штедилницата ФУЛМ ќе имаат работна средба со Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за еднакви можности на жените и мажит. (Сала на Уставна комисија/12:00)

Брисел - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе учествува на официјалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК).

Берлин - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ќе учествува на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес.

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе присуствува на 18. Годишен работен состанок на министри за земјоделство од земјите од Југоисточна Европа. (х.„Александар Палас“/9:00, изјави за медиумите/11:30)

Скопје - Пратеничката Славјанка Петровска ќе одржи прес-конференција за медиуми. (Прес-центар/10:45)

Скопје - Пратеникот Амар Мециновиќ ќе одржи прес-конференција за медиуми. (Прес-центар/12:00)

Скопје - Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе одржи прес-конференција. (Седиште на Движење ЗНАМ, улица „Климент Охридски“ бр.66/13:00)

Скопје - Народниот правобранител, Насер Зибери, Армен Григоријан, постојан престставник на Програмата за развој на ОН (УНДП) и Тања Темелковска, советник за човекови права во Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН, ќе се обратат на тркалезна маса на тема „Зголемување на соработката на народниот правобранител со здруженијата на граѓани во еколошката правда“. (х.„Холидеј ин“/9:30)

Скопје - Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) организираат регионална работилница  „Ориентација и градење капацитети за зајакнување на интеграцијата на сексуалното и репродуктивното здравје во  националните планови за универзална здравствена покриеност и процесите во Западен Балкан“. (х.„Холидеј ин“/9:00, изјави за медиумите пред почетокот на настанот)

Скопје - Брифинг за медиумите по повод претстојниот Eкономски форум на жени лидерки - Women Economic Forum - Balkans 2024. (Клуб на новинари/10:00) 

Скопје - Конференција Национална кампања „Во ист ритам“ во организација на ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација со поддршка на Холандската амбасада во Северна Македонија. (Европска куќа/12:00, изјави за медиумите/13:20) 

Скопје - Презентација на два нови извештаи од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. (х.„Мериот“/9:30, изјави за медиумите/11:30)

Скопје - Презентација на резултати од истражување на јавно мислење во рамки на проектот „Борба против нелегални шумски активности“ кој го спроведува ЗГ РЕФОРД. (х.„Панорамика“/10:00)

Скопје - Македонската академија на науките и уметностите ќе одржи Комеморативна седница во чест на академик Глигор Каневче. (МАНУ/12:00)

Скопје - Промоција на публикацијата „Прекарно за почетници“. (Национална галерија „Мала станица“/19:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан