• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД

30 септември 2023

Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери по повод одбележувањето на 75-годишнината од егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на борците на ДАГ во Катланово. (10:30)

Скопје – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на МВР ќе го посети Центарот за обука на МВР во Идризово. (11:45, по што ќе даде изјава за медиумите во 12:00)

Ново Село – Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија.

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со Василка Стефановска од здружението Слоу Фуд Македонија ќе дадат изјави за медиумите, најавувајќи го вториот Национален саем за храна и пијалаци – Вкуси ја традицијата. (Градски парк Скопје, на просторот пред езерцето/ 11:00)

Тетово – Научна конференција со наслов: „Депопулација; образовни, економски, социолошки аспекти - голем предизвик на милениумот“, во организација на Академското здружение на Албанците за наука и уметност. (во зградата на Општина Тетово, горна сала/ 10:00)

Охрид – Конгрес со меѓународно учество „Први охридски ветеринарно-медицински средби“. (х.„Инекс Олгица“/ 9:30) 

Струга – Настан во врска со кампањата за промоција на бесплатна правна помош во рамките на проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги и бесплатна правна помош во Северна Македонија“. (пред Градскиот пазар/ 9:00)

Скопје – Деветта студентска конференција „Како си ми“. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, во салата за седници/ 10:00)

Скопје – Изведба на претставата „Чекајќи го...“, авторски проект на учениците од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ - во хуманитарна мисија, со цел да се соберат финансиски средства за лекување на нивниот соученик Марко. (на сцената на МНТ/ 20:00)

Скопје – „Бела ноќ“ 2023 во Националната галерија со Симон Шемов и Миле Корубин. (20:00)

Скопје – „Бела Ноќ“ 2023, во ЈУ Младински културен центар со две ликовни изложби со наслов „MALEFICIUM VISÜA“, на уметникот под псевдонимот NCHRONAX и изложбата „TO EXCITER“, на уметникот Лука Кекиќ. (Галерија 2 на МКЦ/ 20:00)

Скопје – „Бела ноќ“ 2023 во КИЦ – Скопје со промоција на книгата „Црвена месечина“ од Вера Симовска. (Салон Империјал 1/ 19:30)

Скопје – „Бела ноќ“ 2023 во Галерија „КО-РА“ во ЈУ Дом за култура „Кочо Рацин“ со повеќе изложби: на м-р Шќипе Мехмети со наслов „Денот потоа“, на Маја Николовска со наслов „Пејзаж на тишината“, на м-р Борјана Божиновска со наслов „Мирно лето“ и видео проекција „Култура во Кутија“. (20:00)

Струмица – 13. издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“. (НУ Центар за култура „Антон Панов“/ 20:00)

Скопје – Граѓанското здружение за развој на младински политики „Нови Зраци – Скопје“ организира мултимедијален проект со учество на младински културни клубови. (во паркот „Фридрих Шопен“, до ООУ „Невена Георгиева – Дуња“/ 18:00)

Скопје – Doctor Sauer ЗОО Фест. (на Халки бината во Зоолошката градина Скопје/ 12:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан